„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Енес, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Explanation
Ако забележи недостаток во верата на својот брат муслиман, треба да се потруди да му помогне да се поправи. А ако кај него види нешто добро, треба да го поддржи во тоа, да му помогне и да му даде искрен совет за она што е поврзано со неговата вера и овосветските потреби.
Benefits
Братството во името на Аллах е над крвното братство, затоа неговите права се поприоритетни.
Сè што е во спротивност со оваа љубов е забрането, било со зборови или дела, како што се измамата, озборувањето, зависта и нападот врз животот, имотот или честа на муслиманот.
Во хадисот се користат зборови што поттикнуваат на дело, како што е изразот „на својот брат“.
Ел-Кирмани, Аллах нека му се смилува, рекол: „Дел од иманот е исто така човекот да го мрази за својот брат она што го мрази за себе од злото. Ова не е дирекно спомнато во хадисот, бидејќи љубовта кон нешто неизбежно подразбира омраза кон неговата спротивност, па затоа не било потребно да се нагласи.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

