„Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Барајте ја ноќта на Кадр во непарните ноќи од последната третина на рамазан.“
Explanation
Benefits
Од мудроста и милоста на Аллах е тоа што ја сокрил ноќта на Кадр, за верниците да ја бараат и да се посветат на ибадет во неа, па со тоа да се зголеми нивната награда.
Ноќта на Кадр се наоѓа во последните десет ноќи од месецот рамазан, а најголемата веројатност е дека се наоѓа во непарните ноќи.
Таа е една од ноќите во последната третина од рамазанот, ноќта во која Возвишениот Аллах го објавил Куранот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и ја возвеличил со тоа што ја направил подобра од илјада месеци – по својот бериќет, значење и наградата што ја носи доброто дело во неа.
Ноќта на Кадр – со сукун на буквата „д“ (т.е. „кадр“, а не „кадер“) – е наречена така од два аспекта: Или поради нејзината вредност и чест – бидејќи се вели: „тој човек има голем кадр“, односно: висока вредност и положба. Во тој контекст, зборот „кадр“ ја опишува самата ноќ, значејќи: величествена и вредна ноќ, со висока положба и чест. На ова укажуваат зборовите на Возвишениот: „Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме.“ (Ед-Духан, 3) Или поради значењето „одредување“ (кадер) – бидејќи оваа ноќ е поврзана со одредувањето на она што ќе се случува во текот на целата година. Во тој случај, поврзувањето на ноќта со „кадер“ претставува поврзување на времето со она што се случува во него. На тоа укажуваат и зборовите на Возвишениот Аллах: „Во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа.“ (Ед-Духан, 4)
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

