HadeethEnc · 1.24.0
„Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Од Ебу Хурејре – Аллах нека е задоволен со него – се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“
02
Explanation
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној кој јаде или пие поради заборав додека пости – без разлика дали станува збор за задолжителен или доброволен пост – не треба да го прекинува, туку треба да го продолжи. Бидејќи тоа не го направил намерно, неговиот пост останува исправен. Всушност, тоа е ризк што Аллах му го определил – Тој го нахранил и го напоил.
03
Benefits
Исправноста на постот на оној што јаде или пие заборавајќи дека пости.
Оној што јадел или пиел од заборав, не му се запишува грев, бидејќи тоа не го направил по своја волја.
Ова укажува на Аллаховата добрина кон Неговите робови, Неговото олеснување за нив и отстранувањето на тешкотијата и оптоварувањето.
Постот не се поништува освен ако се исполнат три услови: Прво: да го знае прописот; ако постапи од незнаење (или не знае дека нештото го поништува постот), тогаш неговиот пост останува важечки. Второ: да биде свесен; бидејќи ако заборавил, постот му останува важечки и не е должен да го надомести. Трето: да го направи тоа по своја волја; ако бил присилен, не се смета дека го прекршил постот.

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares