HadeethEnc · 1.24.0
„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“
02
Explanation
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној што ќе пости еден ден во борба на Аллаховиот пат – а според некои, во борба и надвор од неа – со искрена намера, барајќи награда само од Аллах, Тој, со Својата добрина, ќе го оддалечи од Огнот на растојание од седумдесет години.
03
Benefits
Имамот ен-Невеви рекол: „Вредноста на постот на Аллаховиот пат се однесува на оној кој со тоа не си нанесува штета, не занемарува ничија обврска, ниту, пак, постот му пречи во борбата или во други важни задачи поврзани со џихадот.“
Поттик и охрабрување за доброволен пост.
Обврска за искреност (ихлас) и посакување на Аллахово задоволство – да не се пости на начин за да бидеме познати по тоа, за да слушнат другите, ниту пак со некаква друга цел.
Имамот ес-Синди рекол: „Зборовите ,на Аллаховиот пат‘ можат да значат пост со искрена намера (ниет), а можат и да значат дека постел за време на борба на Аллаховиот пат – што е првото што се подразбира.“
Ибн Хаџер вели: „Изразот ,седумдесет есени‘ – есента е познато доба од годината, а овде значењето се однесува на целата година. Спомнувањето токму на есента, а не на пролетта, летото или зимата, се должи на тоа што есента е најплодоносното годишно време – бидејќи тогаш се собираат плодовите.“

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares