„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Ебу Зер, Џундуб бин Џунада, и Ебу Абдурахман, Муаз бин Џебел – Аллах нека е задоволен со двајцата – се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“
Explanation
Прво: Богобојазливост – тоа значи да се извршуваат наредбите и да се оставаат забраните, во секое време, место и состојба – било тајно или јавно, во благосостојба или при искушение, и во сите други прилики. Прво: Богобојазливост – тоа значи да се извршуваат наредбите и да се оставаат забраните, во секое време, место и состојба – било тајно или јавно, во благосостојба или во искушение, и во сите други прилики. Второ: Кога ќе направиш нешто лошо, по истото нека следи добро дело – како што се намазот, садаката, доброчинството, поврзувањето на роднинските врски или покајанието – затоа што доброто ги брише лошите дела. Трето: Однесувај се со луѓето со убави морални особини – насмевни им се, биди благ, нежен, прави добро и воздржи се од нанесување штета.
Benefits
Хадисот ги опфаќа трите вида права: – Аллаховото право – преку богобојазливоста, – Правото кон себе – преку извршувањето на добри дела по направените гревови, – Правото кон луѓето – преку убавото однесување и добриот морал кон нив.
Хадисот, исто така, поттикнува на правење добри дела по лошите и на убав однос со луѓето. Овие две особини се дел од богобојазливоста и се спомнати посебно поради нивната голема важност и потребата да бидат појаснети.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

