HadeethEnc · 1.24.0
– Кого го радува Аллах да го спаси од тешкотиите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија или нека му го прости долгот.‘“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Од Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека тој го барал должникот, но овој се сокрил од него. Кога конечно го пронашол, должникот му рекол:
„,Јас сум во тешка состојба.‘
Ебу Катаде го прашал:
,Се колнеш во Аллах дека е така?‘
Должникот одговорил:
,Се колнам во Аллах.‘
Тогаш Ебу Катаде рекол:
,Навистина, го слушав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: – Кого го радува Аллах да го спаси од тешкотиите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија или нека му го прости долгот.‘“
02
Explanation
Ебу Катаде ел-Енсари, Аллах нека е задоволен со него, го барал должникот, кој се криел од него. Кога конечно го пронашол, должникот му рекол:
„Јас сум во тешка состојба и немам имот за да ти го вратам долгот.“
Тогаш Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, го заколнал во Аллах дали навистина нема ништо.
Должникот се заколнал во Аллах дека е искрен во тоа што го кажува.
Тогаш Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, рекол дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,,Кого го радува тоа Аллах да го спаси од тешкотиите, страдањата и ужасите на Судниот ден, нека му олесни на оној што е во тешкотија – било со продолжување на рокот за враќање на долгот, со намалување на дел од долгот или со целосно простување.‘“

03
Benefits
Препорачливо е на оној што е во тешка состојба да му се даде одложување сè додека не биде во можност да го врати долгот или да му се прости целосно или делумно.
Кој ќе му олесни на верник неволја во овој свет, Аллах ќе му олесни од неволјите на Судниот ден, бидејќи наградата е од ист вид како и делото.
Општо правило е дека фарзовите се повредни од доброволните дела или нафили, но во одредени случаи, нафилите можат да бидат повредни од фарзовите. Простувањето на долгот на оној што е во тешка состојба е нафила, додека трпението, чекањето и немалтретирањето на должникот се фарз – и во овој случај нафилата е повредна од фарзот.
Овој хадис се однесува на оној што навистина е во тешка состојба, бидејќи тој е оправдан. Но, оној што има имот, а намерно доцни со исплатата, за него е пренесено дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Одложувањето на исплатата од страна на оној што е имотен е неправда.“

Attribution
[رواه مسلم]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares