„О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече:
„Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“
Тој му го повтори, а потоа додаде:
„Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“
Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“
Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“
Explanation
Ова многу го зачуди Ебу Сеид, па рече:
„Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“ – па тој му го повторил, а потоа додал:
„Постои уште едно дело преку кое Аллах ќе го воздигне човекот за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е како растојанието меѓу небото и земјата.“
Ебу Сеид праша: „А кое е тоа дело, о Божји пратенику?“ Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“
Benefits
Големината на џихадот на Аллаховиот пат.
Високата положба на муџахидот (воинот на Аллаховиот пат) што му припаѓа во Џенетот.
Во Џенетот има безброј степени и рангови, а за муџахидите се издвоени сто степени.
Љубовта на асхабите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон доброто и нивната желба да го научат секој пат што води до него.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

