„Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Ебу Муса, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“
А во верзијата на Муслим стои:
„Примерот на куќата во која се спомнува Аллах и куќата во која не се спомнува Аллах е како примерот на живиот и мртвиот.“
Explanation
Примерот на оној што го спомнува својот Господар е како примерот на живиот – неговата надворешност е украсена со светлината на животот, а внатрешноста со светлината на спознавањето, и во него има корист. А примерот на оној што не го спомнува Аллах е како примерот на мртвиот – неговата надворешност е безживотна, а внатрешноста празна, и во него нема никаква корист.
Исто така, и куќата се нарекува „жива“ ако нејзините станари го спомнуваат Аллах, а ако тие се немарни во спомнувањето на Аллах, тогаш тоа е „мртва“ куќа. А кога се користат изразите „жива“ или „мртва“ во контекст за куќата, всушност се мисли на нејзините станари.
Benefits
Спомнувањето на Аллах е живот за душата, како што душата е живот за телото.
Од упатството на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е користењето на примери за полесно разбирање на значењата.
Имамот ен-Невеви рекол: „Овој хадис поттикнува на спомнување на Аллах во куќата, за да не остане празна од сеќавање на Него.“
Имамот ен-Невеви рекол: „Ова исто така покажува дека долгиот живот во покорност кон Аллах е доблест, дури и ако починатиот преминува кон нешто подобро. Зашто, оној што е жив има можност да го достигне и дури да го надмине со добрите дела што ќе ги направи.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

