Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Имран бин Хусејн, Аллах нека е задоволен со него, пренесува: Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“
Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“
Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“
Explanation
Потоа дојде друг и рече:
„Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа дваесет добри дела.“
Потоа дојде трет и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ – Тој му возврати на селамот, човекот седна, а Пратеникот рече: „Му се запишаа триесет добри дела.“
Ова значи дека за секој збор од селамот има по десет добри дела.
Benefits
Колку повеќе зборови содржи селамот, толку е поголема наградата.
Најсовршената форма на селамот е: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху“, а најдобриот одговор е: ,,Ве алејкум селам ве рахметуллахи ве берекатуху“.
Степените на селамот и неговото возвраќање се разликуваат, па соодветно на тоа се разликува и наградата.
Луѓето треба да се подучуваат на доброто и да се поттикнуваат да го постигнат она што е највредно.
Ибн Хаџер рекол: „Ако оној што започнува со селамот додаде ве рахметуллах, препорачливо е во одговорот да се додаде ве берекатуху. Ако, пак, додаде и ве берекатуху, се поставува прашањето – дали е дозволено во одговорот да се додаде нешто повеќе од тоа? Исто така, ако оној што го започнува селамот го надмине со зборови изразот ве берекатуху, дали е дозволено тоа? Имамот Малик пренесува во „Мувета“ од Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, дека селамот завршува со зборот берекатуху.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

