„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија. Му рекоа – или јас му реков: ,Зашто не купиш едно магаре за да можеш да јаваш во темнината и при жештината?‘
Тој одговори: ,Не би сакал ни мојата куќа да е покрај самата џамија. Сакам моето пешачење кон џамијата и враќањето дома да ми бидат запишани како добри дела.‘
На тоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Аллах ти го запиша сето тоа.‘“
Explanation
Benefits
Ен-Невеви рекол: „Овој хадис потврдува дека секој чекор при враќањето од намаз носи со себе награда, исто како и чекорите при одењето кон џамијата.“
Муслиманите треба да се советуваат меѓусебно за добро и да се поттикнуваат на праведност. Оној што ќе забележи дека неговиот брат трпи потешкотија, нека му укаже на начин за да ја отстрани или олесни.
Оддалеченоста на куќата од џамијата не е изговор за изоставување на намазот во џемат, сè додека се слуша езанот.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

