„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Муаза раскажува: „Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘
Таа ми рече: ,Да не си ти харуријка?‘
Реков: ,Не сум харуријка, туку само прашувам.‘
Таа рече: ,И нас тоа нè снаоѓаше, па ни беше наредено да го надокнадуваме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадуваме намазите.‘“
Explanation
Аиша рекла: „И нас нè снаоѓаше менструација во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, па ни беше наредено да го надокнадиме постот, а не ни беше наредено да ги надокнадиме намазите.“
Benefits
Харуриите – нивното име потекнува од местото Харура, близу Куфа. Тие се една од групите на хариџиите, а Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, ја споредила Муаза со нив поради нивната претерана строгост и честото поставување прашања само заради инает.
Учителот е должен да му појасни на оној што бара знаење и насока.
Најисправно е да се одговори со јасен текст, како што направила Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, бидејќи одговорот заснован на јасен текст ја спречува секоја можност за понатамошно противење и расправа.
Верникот треба да му се предаде на прописот на Аллах и на Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дури и кога не ја знае мудроста од прописот.
Ен-Невеви рекол: „Значењето на зборовите на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, е дека една група од хариџиите сметале дека жената после менструација е должна да ги надокнади намазите што ќе ги изостави во тој период, што е спротивно на консензусот на муслиманите. Нејзиното прашање ,Да не си ти харуријка?‘ било со осудувачка намера, односно: ,Ова е начинот како постапуваат харуријките – а тоа е многу лош начин.‘“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

