HadeethEnc · 1.24.0
,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Ги гледав нозете на мушриците веднаш над нашите глави додека бевме во пештерата, па реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘
Тогаш тој, салаллаху алејхи ве селем, рече:
,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
02
Explanation
Владетелот на верниците, Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува за случка во времето на хиџретот. „Ги гледав нозете на мушриците како стојат над нашите глави, на самиот врв од пештерата Севр, а ние бевме внатре. Тогаш реков: ,О, Божји пратенику, ако некој од нив само погледне кон своите нозе, ќе нè забележи под нив.‘
На тоа тој, Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, рече:
,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, за кои Аллах е третиот – со Неговата помош, заштита и упатство?‘“

03
Benefits
Положбата на Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, се гледа во неговото придружништво на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за време на хиџретот/преселбата од Мека до Медина, оставајќи го неговиот имот и семејство.
Неговата грижа и љубов кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и стравот од непријателите за неговата безбедност.
Обврската на верникот е да има целосна доверба во Аллах, да биде спокоен дека Тој ќе се грижи и ќе го заштити, откако ќе ги преземе сите дозволени мерки на претпазливост.
Грижата на Аллах за Неговите веровесници и штитеници (евлии) и Неговата поддршка за нив; како што Возвишениот вели: „Ние навистина ќе им помогнеме на Пратениците Наши и на верниците во животот на овој свет, а и на Денот кога ќе станат сведоците.“
Потсетување дека оној што се потпира на Аллах, Тој му е доволен: ќе му подари победа, ќе го помогне, заштити и сочува.
Совршеното потпирање на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на својот Господар, препуштајќи Му ги сите свои работи.
Неговата храброст и способноста да ги смирува срцата и душите.
Дозволено е да се избега од непријателот плашејќи се за верата, но со истовремено користење на сите дозволени причини и мерки на заштита и претпазливост.

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares