HadeethEnc · 1.24.0
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
02
Explanation
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, известува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, најмногу внимаваше, беше најупорен и најредовен во извршувањето на двата реката сунет пред сабахскиот намаз, повеќе отколку било кој друг доброволен намаз.
03
Benefits
Доброволните намази се сите намази покрај задолжителните, а овде се мисли на потврдените сунети поврзани со фарзовите.
Потврдените сунети се: два реката пред сабахот, четири реката пред пладневниот намаз и два по него, два по акшамскиот и два по јацискиот намаз.
Сабахскиот сунет се клања и кога човекот е дома и кога е на патување, додека пладневните, акшамските и јациските сунети се клањаат само кога човекот е во местоto на постојан престој.
Двата реката пред сабахот се утврден сунет и не треба да се изоставуваат.

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares