Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Хумран, слугата на Осман бин Афан, се пренесува дека тој видел како Осман бин Афан побарал вода за абдест. Тој истурил вода од садот по рацете и ги измил трипати. Потоа ја внел својата десна рака во садот, па ја исплакнал устата, вшмукал вода во носот и ја издувал. Потоа го измил своето лице трипати, рацете до лактите трипати, потоа (со влажни раце) ја поминал својата глава , а потоа ја измил секоја нога по трипати, па рече: „Го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема абдест на овој начин, и рече: ,Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови.‘“
Explanation
Кога завршил, Аллах нека е задоволен со него, им кажал дека го видел Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема исто на тој начин абдест. Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги израдувал со веста дека оној кој ќе земе абдест на овој начин и ќе клања два реката, со смиреност и со срцето потполно посветено на својот Господар, Возвишениот, Аллах ќе го награди за потполниот абдест и за искрениот намаз, со простување на сите претходни гревови.
Benefits
Учителот треба да го одбере најјасниот и најефикасниот пат за постигнување разбирање и вкоренување на знаењето кај ученикот, а еден од тие методи е подучување преку практичен пример.
Оној кој клања намаз треба да ги одбие мислите поврзани со работите од овој свет, бидејќи потполноста и совршеноста на намазот се постигнуваат со присуството на срцето во намазот. Сепак, невозможно е целосно да се избегнат мисли, па затоа треба да се труди да се контролира и да не им се препушта на таквите мисли.
Препорачливо е започнување со десната страна при земање на абдест.
Прописно е почитување на редоследот меѓу испирањето на устата, вовлекувањето вода во носот и исфрлањето на водата од носот при извршувањето на абдестот.
Препорачливо е миењето на лицето, рацете и нозете по трипати, додека задолжително е миењето само еднаш.
Простувањето на претходните гревови од Возвишениот Аллах се поврзува со исполнувањето на двата услова: земањето абдест и клањањето два реката, на начинот што е спомнат во хадисот.
Секој дел од телото кој се мие при абдест има своја граница: границата на лицето е од местото каде што започнува вообичаената линија (никнувањето) на косата до долниот дел на брадата и вратот по должина, и од едното до другото уво по ширина. Границата на рацете е од врвовите на прстите до лактите, каде што е зглобот меѓу подлактицата и надлактицата. Границата на главата е од вообичаената линијата на (никнувањето) на косата на страните на лицето до горниот дел на вратот, со тоа што ушите се вклучени во поминувањето на водата преку главата. Границата на нозете е целото стапало, заедно со глуждот, кој го поврзува стапалото со потколеницата.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

