Начинот на капење од џенабет (состојба по интимен однос и ејакулација за обата пола)
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Мејмуна, мајката на верниците, Аллах нека е задоволен со неа, пренесено е дека кажала: „Му подготвив вода за капење на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ја покрив со крпа. Тој ги изми рацете, па со десната рака истури вода на левата и го изми интимниот дел. Потоа со раката удри по земјата, ја протри и повторно ја изми. Потоа ја исплакна устата, го исплакна носот, го изми лицето и рацете до лактите. Потоа истури вода врз главата и го обли целото тело. На крајот, се оддалечи малку, ги изми нозете, а кога му подадов крпа, тој не ја прифати и си замина протресувајќи ги рацете.“
Explanation
Прво: Истурил вода врз рацете и ги измил пред да ги стави во садот со вода.
Второ: Со десната рака истурил вода врз левата и го измил интимниот дел, чистејќи го од остатоците на џенабетот.
Трето: Со раката удрил по земјата, ја протрил и ја измил за да го отстрани непријатното од неа.
Четврто: Устата ја исплакнал така што внел вода, ја размрдал во устата, а потоа ја исплукал. Потоа го испрал носот така што вовлекол вода во него, па ја исфрлил за да го исчисти.
Петто: Го измил лицето и рацете до лактите.
Шесто: Истурил вода врз главата.
Седмо: Истурил вода врз остатокот од телото.
Осмо: Се преместил од местото каде што се бањал и ги измил нозете на друго место, бидејќи претходно не биле измиени.
Потоа му подала крпа за да се избрише, но тој одбил и со рацете ја отстранувал водата од телото, па потоа ги тресел.
Benefits
Овој начин на бањање е еден од начините што се пренесени од Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, за потполно капење после џенабет. Што се однесува до минималниот начин, доволно е целото тело да се полие со вода, вклучувајќи го испирањето на устата и носот.
Бришењето на телото со крпа по капењето или абдестот, како и оставањето без бришење, е дозволено.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

