HadeethEnc · 1.24.0
„Еден од најголемите видови на џихад е да се каже праведен збор пред неправеден владетел.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Еден од најголемите видови на џихад е да се каже праведен збор пред неправеден владетел.“
02
Explanation
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека еден од најголемите и најкорисните видови на џихад на Аллаховиот пат е да се изговори праведен и вистинит збор пред неправеден и угнетувачки владетел или емир.
Ова е затоа што со тоа се спроведува начелото на наредување на доброто и спречување на злото, без разлика дали тоа е преку говор, пишување, дело или кој било друг начин што носи корист и отстранува штета.

03
Benefits
Наредувањето на доброто и спречувањето на злото се дел од џихадот.
Советувањето на владетелот е еден од најголемите видови на џихад, но мора да се спроведува со знаење, мудрост и претпазливост.
Имамот Хатаби рекол: „Ова се смета за еден од најголемите видови на џихад затоа што оној што се бори против непријателот е во состојба на неизвесност – не знае дали ќе победи или ќе биде поразен. Додека, пак, оној што му се спротивставува на владетелот е потчинет под неговата власт. Кога ќе ја изговори вистината и ќе го повика кон доброто, тој себеси се изложува на опасност и пропаст. Па поради надвладувачкиот страв, овој облик на џихад се смета за еден од најдобрите видови. Некои велат дека тоа е најдобриот вид на џихад, бидејќи, доколку владетелот го прифати советот, од тоа може да има корист голем број луѓе, што води кон општа корист.“

Attribution
[رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares