HadeethEnc · 1.24.0
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни нареди седум работи и ни забрани седум
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ел-Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни нареди седум работи и ни забрани седум:
Ни нареди:
– да го посетуваме болниот,
– да го следиме џеназето,
– да му возвратиме со дова на оној што ќе кивне,
– да ја исполниме заклетвата или да му удоволите на оној што ќе нѐ заколне,
– да му помогнеме на угнетениот,
– да се одѕвиеме на поканата,
– и да го шириме селамот.
А ни забрани:
– да носиме златни прстени (или воопшто злато на рацете),
– да пиеме од садови направени од сребро,
– да користиме седла украсени со свила,
– да носиме облека од кесиј (ткаенина со свилени везови),
– и да облекуваме свила, истабрак и дибаџ (видови свилена облека).“
02
Explanation
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредил на муслиманите седум работи, и им забранил седум. Од она што им го наредил е: 1. Да го посетуваат болниот. 2. Да го следат џеназето – да учествуваат во намазот и закопувањето, и да прават дова за умрениот. 3. Да му возвратат со дова на оној што ќе кивне и ќе каже „елхамдулиллах“, со зборовите: „Јерхамукеллах“. 4. Да му ја исполнат заклетвата и да му веруваат на оној што ќе се заколне – ако неко се заколне а ти можеш да му помогнеш, помогни му, за да не мора да се искупи за неисполнетата заклетва. 5. Да му помогнат на угнетениот – според своите можности – со тоа што ќе го поддржат и ќе го заштитат од неправда. 6. Да се одѕиваат на покана за гозба – како што се свадба, акика и слични поводи. 7. Да го шират селамот – да се поздравуваат и да возвраќаат на селамот. А од она што им го забранил е: 1. Да носат златни прстени или накит. 2. Да пијат од садови направени од сребро. 3. Да седат на украсени седла или јавачки наметки изработени од свила, поставени врз коњи или камили. 4. Да носат облека од лен испреплетен со свила – позната како „кесиј“. 5. Да носат свила. 6. Да носат „истабрак“ – дебела свилена ткаенина. 7. Да носат „дибаџ“ – најлуксузна и најскапа свила.
03
Benefits
Укажување на дел од правата што муслиманот ги има кај својот брат муслиман
Општото правило во шеријатот е дека сите наредби и забрани важат подеднакво за мажите и жените, освен ако не постои јасен доказ дека нешто е посебно пропишано само за едните.
Од други хадиси се разбира дека жените не треба да го следат џеназето.
Исто така, од хадиските текстови се дознава дека на жените им е дозволено да носат злато и свила.
Општото правило во шеријатот е дека сите наредби и забрани важат подеднакво за мажите и жените, освен ако не постои јасен доказ дека нешто е посебно пропишано само за едните.
Од други хадиси се разбира дека жените не треба да го следат џеназето.
Исто така, од хадиските текстови се дознава дека на жените им е дозволено да носат злато и свила.
Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

