HadeethEnc · 1.24.0
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Од Хани, ослободениот роб на Осман, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Кога Осман ќе застанеше покрај некој гроб, плачеше сè додека не му се навлажнеше брадата од солзи. Му рекоа: ,Те потсетуваме на Џенетот и Џехенемот – и не плачеш, а плачеш кога ќе застанеш покрај гроб?‘ Тој одговори: ,Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
02
Explanation
Владарот на верниците, Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, кога ќе застанеше покрај гроб, толку многу плачеше што му се натопуваше брадата од солзи. Му рекоа: „Те потсетуваме на Џенетот и Џехенемот, а не плачеш – ниту од копнеж по Џенетот, ниту од страв од Џехенемот – а плачеш кога ќе застанеш покрај гроб?!“ Тој одговори: „Навистина, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ извести дека гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – па ако човекот се спаси и се избави од неговата казна, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.“
03
Benefits
Приказ на стравот што Осман, Аллах нека е задоволен со него, го имал од Аллах – и покрај тоа што бил од оние на кои им е ветен Џенетот.
Дозволеноста и препорачливоста на плачењето при потсетувањето на состојбите и настаните во гробот и на Судниот ден.
Потврда за постоењето на уживањето(наградата) и на казната во гробот.
Предупредување за казната во гробот.
Дозволеноста и препорачливоста на плачењето при потсетувањето на состојбите и настаните во гробот и на Судниот ден.
Потврда за постоењето на уживањето(наградата) и на казната во гробот.
Предупредување за казната во гробот.
Attribution
[رواه الترمذي وابن ماجه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

