HadeethEnc · 1.24.0
„Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“
02
Explanation
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека неговите внуци, Хасан и Хусеин, синовите на Али бин ебу Талиб и Фатима, ќерката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, Аллах нека е задоволен со нив, се првенци меѓу сите што починале млади и влегле во Џенетот во поглед на нивната доблест. Или, дека тие се првенци меѓу младите жители на Џенетот, со исклучок на веровесниците и праведните халифи.
03
Benefits
Во хадисот е истакната големата доблест на Хасан и Хусеин, Аллах нека е задоволен со двајцата.
Во коментар на хадисот е речено дека се мисли на тоа дека тие двајца, во времето кога бил изречен хадисот, биле првенци меѓу младите жители на Џенетот од тоа време. Или дека се подобри од оние за кои нема општа потврда за посебна вредност, како што ја имаат веровесниците и праведните халифи. Можно објаснување е дека се првенци меѓу оние што поседуваат младешки доблести, како чест, дарежливост и храброст, а не дека се мисли на нивната физичка возраст, бидејќи Хасан и Хусеин починале во зрелоста.

Attribution
[رواه الترمذي وأحمد]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares