HadeethEnc · 1.24.0
„Не ги навредувајте моите асхаби! Затоа што, дури и ако некој од вас даде садака во злато колку планината Ухуд, тоа не би достигнало ни еден муд од она што го дале тие, ниту половина од тоа.“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Од Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не ги навредувајте моите асхаби! Затоа што, дури и ако некој од вас даде садака во злато колку планината Ухуд, тоа не би достигнало ни еден муд од она што го дале тие, ниту половина од тоа.“
02
Explanation
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил навредувањето на асхабите, особено на првите и најистакнатите меѓу мухаџирите и енсарите. Тој појаснил дека дури и ако некој даде во садака злато во количина колку планината Ухуд, тоа не би можело да се израмни со наградата за еден муд храна – или половина од него – што го поделил некој од асхабите. Муд е мерка што одговара на полни дланки на човек со просечна големина.
Ова се должи на нивната искреност, искрената намера и нивната подготвеност да жртвуваат и да се борат на Аллаховиот пат уште пред освојувањето на Мека, кога потребата за тоа била најголема.
Ова се должи на нивната искреност, искрената намера и нивната подготвеност да жртвуваат и да се борат на Аллаховиот пат уште пред освојувањето на Мека, кога потребата за тоа била најголема.
03
Benefits
Навредувањето на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, е харам и спаѓа во големите гревови.
Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

