HadeethEnc · 1.24.0
Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од правење добри дела).’“
Available translations
Choose an available translation of this Hadeeth
01
Hadeeth text
Мајката на верниците, сопругата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува: „Додека кај мене беше Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, покрај нас помина Хавла бинт Тувејт бин Хабиб бин Есед бин Абдулуза. Реков: ,Ова е Хавла бинт Тувејт, а велат дека воопшто не спие ноќе.‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече:
,Не спие ноќе?! Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од правење добри дела).’“
02
Explanation
Кај мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, била Хавла бинт Тувејт, Аллах нека е задоволен со неа. Додека Хавла беше кај неа, влезе Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, па таа излезе. Аиша рече: „Оваа жена не спие ноќе, туку целата ноќ ја поминува во намаз.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, изненаден од нејзината строгост кон себе, рече: „Не спие ноќе?! Чинете добри дела онолку колку што можете да издржите, затоа што, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува – не престанува да им дава награда на Неговите побожни и покорни робови – сè додека вие не се изморите и не се откажете од нив.“
03
Benefits
Претераниот ибадет, којшто го надминува она што телото може да го издржи, води кон замор и исцрпеност, па душата ја губи желбата за него.
Умереноста и рамнотежата во ибадетот се клуч за неговата постојаност и истрајност.
Малото, но континуирано дело е подобро од големото што се прекинува.
Имамот ен-Невеви рекол: „Со постојаното извршување на малите дела, се одржува послушноста кон Аллах преку спомнување, будност на срцето, искреност и насоченост кон Него. За разлика од големите и тешки дела, континуираното мало дело со тек на време може да израсне и повеќекратно да го надмине прекинатото големо дело.“

Attribution
[متفق عليه]
Categories
Share
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares