„Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“
Explanation
А оној што го чита Куранот со тешкотија, запира и се мачи – поради слабо помнење, но и покрај тоа упорно го повторува – нему му следуваат две награди: една за самото читање, и друга за трудот и тешкотијата што ги поднесува додека чита.
Benefits
Ел-Кади вели: „Не се подразбира дека оној што се мачи додека чита ќе има поголема награда од вештиот читач. Напротив, вештиот има поголема вредност и повисока награда, бидејќи неговото место е со честитите и чесни мелеци, а за никого друг не е спомната оваа положба. Како може да се изедначи со него оној што не вложил ист труд во учењето, меморирањето, совладувањето и честата рецитација на Куранот, додека вештиот го има постигнато сето тоа?“
Ибн Баз вели: „Оној што го чита Куранот и е вешт во него – чита течно, правилно и добро го памети – ќе биде заедно со чесните и благородни мелеци, под услов да го практикува и со збор и со дело. Не е доволно само да го чита, туку мора и да постапува според него. Таквиот човек го живее Куранот и вербално и во суштина.“
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

