„Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’
Choose an available translation of this Hadeeth
Hadeeth text
Од Селман, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Мушриците ни рекоа: ,Гледаме дека вашиот другар (Пратеникот) ве поучува на сè – дури и на правилата за вршење нужда.’
Тој одговори: ,Да, ни забрани некој од нас да се чисти со десната рака, или да биде свртен кон Киблата, и ни забрани чистење со измет и коски. И рече:
„Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’
Explanation
Benefits
Појаснување на одредени правила на однесување при вршењето физиолошка потреба и чистење.
Забрана за свртување кон Киблата при вршењето мала или голема нужда, поради зборовите: „ни забрани“, а основата во забраната е дека укажува на харам.
Забрана за чистење по нужда со десната рака, од почит кон неа.
Предноста на десната рака над левата, бидејќи левата се користи за отстранување на нечистотии, а десната за останатите работи.
Обврска да се отстрани нечистотијата со вода или камчиња, без разлика дали нечистотијата е мала или голема.
Забрана за чистење со помалку од три камчиња, бидејќи помалку од тоа вообичаено не ја отстранува целосно нечистотијата.
Сè што ја постигнува целта на чистењето и отстранување на нечистотијата е дозволено, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги спомнал камчињата затоа што тие биле најчестиот начин, и ова не значи дека се исклучени други средства.
Препорачливо е чистењето со камчиња да завршува со непарен број; ако чистењето заврши со четири камчиња, се препорачува да се додаде петто, и така натаму, поради неговите зборови, салаллаху алејхи ве селем: „Кој се чисти со камчиња, нека го прави тоа со непарен број.“
Забрана за чистење со измет, бидејќи тој или е нечист, или е храна за животните на џините.
Забрането е чистење со коска, бидејќи таа или е нечиста, или претставува храна за самите џини.
Attribution
Categories
Share hadeeth
Sharing options · 0 Total shares

