Два вида на зекат

Два вида на зекат
الزكاة

المؤلف: الشيخ د. هيثم سرحان
Автор: шејх д-р Хејсем Серхан

اللغة المقدونية
Македонски
#ВодичЗаНовиотМуслиман
#ШтоЕИслам
#Ислам
#НовиотМуслиман
#ЗапознајГоИсламот
#ИсламскаВера
#Духовност
#ИсламскаКнига
#ИсламВоМакедонија
#УчењеЗаИсламот
#ВераИЗнаење
#МакедонскиЈазик

Зекатул-фитр
زكاة الفطر
Како да го очистиш својот пост од недостатоци и пропусти? Како да внесеш радост во срцата на сиромашните, за и тие да се радуваат на Бајрамот како што се радуваш ти?

📖 Размисли за овој хадис:
Од Ибн Аббас, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол:
„Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, го пропиша зекатул-фитр како очистување за постачот од празни зборови и пропусти, и како храна за сиромашните.“

🕌 Зекатул-фитр е обврска за секој муслиман да го издвои за себе, како и за сите оние чие издржување му е обврска, како што се неговата сопруга и децата, ако поседува повеќе храна од она што му е потребно нему и на неговото семејство за тој ден и не е услов да поседува одреден нисаб од имот.

🌾 Задолжителната количина за секој човек е да издвои еден саʿ од храна што е вообичаена за исхрана на луѓето во одредено место, како што се урми, ориз или слично.

Од Ибн Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол:
„Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, пропиша зекатул-фитр во количина од еден саʿ урми или јачмен – за роб и слободен, за маж и жена, за млад и стар од муслиманите и нареди да се издвои пред луѓето да излезат на бајрам-намаз."

⏳ Обврската настапува со заоѓањето на сонцето во последниот ден од месецот Рамазан.
- Најдобро е да се даде пред бајрам-намазот.
- Дозволено е да се даде еден или два дена пред Бајрам, односно од ноќта на дваесет и осмиот ден, бидејќи месецот може да има дваесет и девет или триесет дена.

❗ Не е дозволено да се одложи по бајрам-намазот.
Оној што нема да го даде на денот на Бајрам е грешен, освен ако има оправдана причина, и должен е потоа да го надомести.

🤲 Затоа побрзај да го дадеш со искрена намера и надевајќи се на награда од Аллах.

Shopping Basket